Почетна / Забава / Владо Георгиев ја полни Битола со господски концерт на 27 јуни

Владо Георгиев ја полни Битола со господски концерт на 27 јуни

Како што се наближува Господскиот концерт на секогаш актуелниот Владо Геоергиев. Се чини така расте и интересот. Следната сабота (27 јуни) Битола ќе биде домаќин на единствениот open air концерт на Владо ова лето во Македонија.

Под отворено небо, на битолското Ракометно игралиште, Владо најавува неколку часовен спектакл во негов стил и со неговите безвременски хитови. Публиката која веќе се брои во илјади, според податоците од продажбата покрај битолчани ќе собере и стотици обожаватели од околните градови но и цела Македонија.

Вип масите се веќе пред распродавање, капацитетот на фан пит зоната забрзано се полни. А според четирите распродадени арени во Белград и концертот во Скопје, распродавањето оправдано може да се очекува и за овој концерт.
Неколку дена пред концертот во Битола пристигнува врвна сцена, озвучување и светло кој додаваат уште еден слој уживање на вечерта исполнета со емоции и врвна музика.

Влезниците се достапни на сите продажни места на Димпо Тобако и online на ddtickets.com.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Виолин фест 2026 – свечен концерт на 12 јуни во Филхармонија

По успешните фестивалски настани во Прилеп и Струмица, Виолин фест 2026 ќе биде заокружен со …

error: Содржината е заштитена!