Почетна / МК Сцена / Видео | My Tear со нов сингл „Сонцето грее само над облаците“

Видео | My Tear со нов сингл „Сонцето грее само над облаците“

Скопското пост-панк трио My Tear го објави својот најнов сингл „Сонцето грее само над облаците“, прво издание во новата постава на бендот, која покрај Дени Крстев (вокал и гитара) ја сочинуваат и Антони Анев (Преку Ред) на бас и вокал и Иван Димишков (Димиш) на тапани.

Песната е најава за истоимениот трет албум на бендот, кој треба да биде објавен до крајот на наредната година. Музиката и текстот ги потпишува Дени Крстев, додека аранжманот е на My Tear.

My Tear првпат се појавија на домашната и регионалната сцена со истоимениот деби албум објавен во 2019 година, од кој се издвоија песните „Остави ме да бидам“, „Лаги шарени“, „Човек од стакло“ и „Крај на јули“. Во 2023 година бендот го објави синглот „На старите станици“, а во 2024 следуваше вториот албум „Кога не се сакаме“, најавен со песната „Истото го сакаш“.

„Сонцето грее само над облаците“ e снимена, продуцирана и миксана во Студио 1060 во март 2026 година од Дени Крстев.

Видеото за песната е реализиранa во продукција на Кејв Продукција 2026, со Џенап Самет во главната улога. Сценариото, режијата и монтажата ги потпишува Филип Лафазановски, камера и колор: Мирослав Илиќ, костим: Елена Билбилоска, сценографија: Мајра Фирез, сет фото: Антонио Мисиркоски, транспорт: Александар Атанасовски, а асистент на продукција е Дени Крстев. Продуцентка на видеото е Леа Манева.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа не брои до 3 – зрело и смело издание на нашата пејачка

По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волческа се …

error: Содржината е заштитена!