EO – петок (12 јуни), 22.30 часот, филм номиниран за Оскар за најдобар филм од неaнглиско говорно подрачје. Филм за едно сиво магаре со меланхоличен поглед, на својот животен пат среќава добри и лоши луѓе, доживува радост и болка и ја чувствува суровата игра на судбината што случајно ја претвора неговата среќа во несреќа, а очајот во неочекувана надеж.

Справување со немртвите – сабота (13 јуни), 22.30 часот – Еден жежок летен ден во Осло, мртвите мистериозно се будат, а три семејства се фрлени во хаос кога нивните починати најблиски се враќаат кај нив. Кои се тие и што сакаат?

Госпоѓа Бовари – недела (14 јуни), 00.10 часот – ова е приказна за Ема, млада убавица која не промислено се омажи за лекар од мал град (Лојд-Хјуз) за да побегне од фармата за свињи на нејзиниот татко. Но, откако е воведена во гламурозниот свет на високото општество, набрзо и станува здодевно со својот партнер и бара возбуда надвор од бракот.

Супер Чарли – недела (14 јуни), 10.45 часот – Десетгодишниот Виле отсекогаш сонувал да стане суперхерој и заедно со својот татко полицаец да се бори против криминалците. Но неговиот сон се руши кога се раѓа неговиот помал брат Чарли.

Хотел Артемис – недела (14 јуни), 22.15 часот – мрачен акционен трилер за лојалност, преживување и за тенката линија помеѓу редот и хаосот. Се работи за тајна болница – Hotel Artemis, место каде криминалците и платените убијци добиваат медицинска помош според строги правила. Таму управува мистериозната и строга „Мед сестра“ (Џоди Фостер), која одржува ред меѓу опасните гости.

Тајна операција – недела (14 јуни), 23.50 часот – интензивен трилер инспириран од вистински настани, кој ја следи децениската потрага по најбараниот терорист во светот – Осама бин Ладен. Филмот кулминира со драматичната воена операција на специјалните единици на американската морнарица во Пакистан, каде бин Ладен конечно е пронајден и убиен. Оваа филмска хроника нуди суров, реалистичен поглед кон сенката на модерната војна и цената на вистината.

Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
