Почетна / Телевизија / VIP Survivor / Александра Накова го разголи Милан Калиниќ?

Александра Накова го разголи Милан Калиниќ?

Накова и Добројевиќ ги збогатија своите Фејсбук профили со нови фотографии. Па како што е редот, балканските интернет портали останаа со полни раце работа, утрово објави порталот на “Бекстејџ”.

 

 

Двете старлети за прв пат седнаа една до друга откако беа дисквалификувани од шоуто “VIP Survivor” поради тепачката на островот, но сепак тоа не беше причината поради која се крена врева околу новите форографии.

 

 

Фотографијата која деновиве ќе биде особено популарна е онаа на која Александра Накова е фотографирана со разголениот водител Милан Калиниќ. Кој ли ја раскопча кошулата на водителот и шлицот на неговите панталони?

Ние не можеме да знаеме што се случило во студискиот дел на “VIP Survivor”, но сопругата на водителот нема лесно да се откаже додека да стигне до вистинскиот одговор.

 

 

Заедно со фотографиите на порталот на естрадниот магазин објавен е и прилогот во кој популарниот водител пред еден месец одигра стриптиз пред камерата на “Бекстејџ”.

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Никола Шоќ на детска возраст

Деновиве низ балканските интертнет портали можеше да се види една интересна фотографија од приватниот албум …