Почетна / МК Сцена / “Wake up Music festival” овој викенд во Штип

“Wake up Music festival” овој викенд во Штип

Викенд на журки во Штип, загревање за Пастрмајлијадата

 

Од денеска па до недела за сите обожаватели на електронската и хип хоп музиката, во клубот Мистик за втор пат ќе се одржи фестивалот “Wake up Music Festival”.

Штипскиот диџеј Василе ќе ја отвори тридневната журка со свој сет во кафулето “Гужва”, а по полноќ забавата се преместува во Мистик каде музиката е препуштена во рацете на диџеите Ајсберг и Борче Панов, a како ексклузивен гостин на вечерта, специјално од Италија ќе настапи диџеј Дебора Де Лука (Deborah De Luca).

 

Вториот ден од фестивалот продолжува на утре (сабота) во 12.00 часот напладне во кафе бар „Гужва“, започнувајќи со диџеј Андреј Ѓошев, а потоа во 14.00 часот ќе се надоврзе диџеј Ник Капа од Грција. Дневната забава завршува во 16.30 часот. Вечерната забава продолжува повторно во кафе бар „Гужва“ со диџеј сет на Тони Зен, а потоа пак се префрла во 00.00 часот во клубот „Мистик“. Оваа вечер ќе биде посветена на љубителите на хип-хоп музиката со настап на хип-хоп диџеи и настапи во живо на артисти од Македонија и странство. Достојно и репрезентативно, оваа вечер со свој сет ќе настапи диџеј Пипс од Република Хрватска. По него како специјални гости на вечерта свој настап во живо ќе имаaт добро познатите Едо Маајка од Босна и Херцеговина и Канџија од Република Хрватска. Завршниот збор на оваа вечер ќе го даде диџеј Панчо (ДНК) од Македонија.

Фестивалот завршува во недела во кафе бар „Гужва“ со сет на диџеј Дени Бегич (Denny Begic), започнувајќи во 12.00 напладне.

 

По успешноста на „Wake Up Music Festival“ Vol.1 кој беше еднодневен и посетен од 1500 посетители, овојпат со проширувањето на фестивалот и временски и просторно на „Wake Up Music Festival” Vol.2 се очекува посетеност од 3000 до 4000 посетители. Водени од претставената цел за комплетно остварување мисијата на организаторите, загарантирано е највисоко ниво на организација на фестивалот надополнета со аудио и визуелни елементи и професионална пиротехника.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара го изостави името на земјата : Честит празник, татковино моја!

Порталот Република пишува за честитката на поп пејачката Тодевска по повод денешниот празник – денот …