Почетна / Телевизија / VIP Survivor / Алекс не бираше зборови за учесниците на „VIP Survivor“

Алекс не бираше зборови за учесниците на „VIP Survivor“

Натпреварот за главната награда во „VIP Survivor“ заврши за учесничките Алекс Грдиќ и Ава Карабатиќ. Тие две синоќа гостуваа во емисијата „Враќање во цивилизација“. Додека Алекс плукаше по сите учесници, Ава до солзи ја насмеа публиката во студиото, откривајќи во кого е вљубена.

 

 

„Моето мислење за Мартина е следното. На племенскиот совет, кога Мартина Врбос имаше имунитет знаеше дека не е загрозена, меѓутоа сепак не му го даде на Невен. Знаеше дека ќе биде исфрлен и се правеше луда, а тој и е најдобриот пријател. Секој племенски совет Мартина се однесуваше како да паднала од Марс, како да не е ни присутна таму, како да не знае ништо за никој… така да, со оглед на тоа што тајниот имунитет не му го даде на Невен, таа за мене е дно од човек“, изјави Алекс, додавајќи дека Себастијан е полош и од жените.

„Себастиан се покажа како полоша „баба“ од сите жени. Себастиан има една навика постојано да зборува дека е екстремен спортист и оти е голем спортист. Искрено, од неговата екстремност во спортот не видовме ништо“, порачува хрватската манекенка.

Ава малку подоцна ги доби своите 5 минти слава, кои што ги искористи во целост така што ниту една секунда не ја затвори устата. Изјави дека нејзиниот омилен маж бил Милан поради неверојатниот шарм што го поседува. Откри дека цело време всушност била вљубена во продуцентот Урош Лазиќ, а не во Владо Вуксановиќ.

Доколку пропуштивте, погледнете како беше во „Враќање во цивилизацијата“.

 

 

 

 

Martin M. | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Никола Шоќ на детска возраст

Деновиве низ балканските интертнет портали можеше да се види една интересна фотографија од приватниот албум …

Leave a Reply