Почетна / Серии / Викенд репризa на аргентинската серија „Маргиналец“ на МТВ 1

Викенд репризa на аргентинската серија „Маргиналец“ на МТВ 1

Петок, сабота и недела по 23 часот, МТВ 1 ќе репризира уште еден полициски процедурал. Аргентинската серија “Маргиналец” имаше осум номинации на престижните награди Мартин Фиеро во Аргентина, а ја доби онаа за најдобра мини серија и сценарист.

Во “Маргиналец” ја пратиме приказната за бившиот полицаец Мигел Паласиос. Под друго име и со лажиран судски процес, тој е наводно обвинет за криминал и затворен во Сан Онофре. Целта е да се инфилтрира меѓу затвореничката банда поврзана со стражарите и на тој начин да открие информации за киднапирањето на ќерката на судијата. Но, работите се менуваат кога Мигел ќе избега од затворот со цел да го врати стариот идентитет…

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Mоторските банди ќе нѐ потсетат на „Тајна задача“ на МТВ 1

“Тајна задача” е американска мини серија која нѐ води во светот на мотористите, и тоа …

error: Содржината е заштитена!