Почетна / Серии / Влоговите се бројат во „Милијарди“ во новата американска драма на ТВ 24
22.30 часот - нова американска серија од вторник до петок

Влоговите се бројат во „Милијарди“ во новата американска драма на ТВ 24

Во финансиските кругови на Њујорк се води битка за превласт и профит. Комплексна драма за моќната политика во светот на њујоршките високи финансии.

Брилијантниот титан за хеџ-фондови, Боби Акселрод-Акс и јавниот обвинител Чак Роудс играат опасна игра каде што влоговите се бројат во милијарди.

Двајца финансиски моќници не бираат сретства за да дојдат до поголем профит и вредност на акциите. Во желбата за доминација, не штедат ни од нивните нелегални фондови за да придобијат повеќе приврзаници за бизнисот. Корупцијата е нивното мото, кое го применуваат и во судството, и по цена на животи.

Oд вторник до петок, нова возбудлива американска серија на ТВ 24 со добитниците на ЕМИ и Златен Глобус Paul Giamatti, Damian Lewis, Maggie Siff, Malin Åkerman, Toby Leonard Moore, David Costabile, Condola Rashād и Asia Kate Dillon се познатите имиња кои се дел од актерската екипа на познатата драма на Showtime.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

BBC драмата „Killing Eve” секоја вечер на Fox во 22.55 часот

Криминалистичкa трилер серија во која двата главни лика, Ив (Сандра О) и Виланел (Џоди Комер), …

error: Содржината е заштитена!