Почетна / Серии / МТВ нѐ носи во светот на моторските банди преку „Тајна задача“

МТВ нѐ носи во светот на моторските банди преку „Тајна задача“

“Тајна задача” е американска мини серија која нѐ води во светот на мотористите, и тоа во моторскиот клуб/банда Вагос. Низ шест епизоди, колку што ги има во првата сезона, ја гледаме исповедтта на Чарлс Фалко, човекот кој поминал 3 години како таен агент-доушник во бандата Вагос. Серијата е создадена според неговите мемоари: Vagos, Mongols, and Outlaws: My Infiltration of America’s Deadliest Biker Gangs.


Чарлс Фалко бил готвач, а неговиот специјалитет, а и единственото што го приготувувал било мет (Метамфетамин). Ќе зготвел малку кристали, ќе ги продадел и од таа работа ќе живеел година дена. Сѐ одело како што треба, додека и самиот не одлучил да го проба својот специјалитет. Толку му се допаднало со што се навлекол, а тоа понатака го одвело до низа очајни чекори, на чиј крај го чекала тужба и казна од 20 години затвор.

Единствен излез бил да одлучи да стане уфрлен агент, но не меѓу дилерите и во познатиот свет на дрогата, туку во озлогласената моторска банда Вагос, светот на моторите, каде владеат посебни и сурови правила, свет за кој ништо не знаел. Немајќи каде, Фалко прифаќа и започнува неговата неверојатна приказна која ја следиме од понеделник до петок, веднаш по вечерните изданија на “Преспав”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хит серијата за кралот на пеколот „Луцифер“ ова лето на Телма

Овде Ѓаволот не носи Прада, но затоа земал неплатен одмор од пеколот за да живее …