Почетна / Сапуници / Од утре на Сител нова бразилска драма

Од утре на Сител нова бразилска драма

 

„НАЈМИЛА“
од утре во 9:30 на Сител телевизија и репризно вечер во 23:30

 

 

Две девојки кои пораснаа заедно ќе се претворат во смртни непријателки

Уште една неповторлива  драма од Бразилската продукција „Глобо“. Оригинална приказна, извонредна актерска екипа, непредвидливи пресврти и неизвесност до самиот крај се главните карактеристики на серијата „Најмила“. Две години по ред добитник на наградата во категоријата „Најдобра драма“ во Бразил.

 

 

Донатела и Флора, две пријателки што се претвораат во ривалки. Една од нив извршила злосторство и лаже во врска со тоа. Две верзии на иста приказна. Која ја кажува вистината? Донатела или Флора?

Донатела и Флора се пораснати заедно. Донатела ги изгубила родителите во несреќа и била посвоена од скромното семејство на Флора. Како деца, биле најдобри пријателки сé додека ги запознаваат Марсело и Доди, на кои ќе им станат девојки. Донатела се венча со Марсело, син на моќниот Гонсало Фонтити, сопственик на индустрија за хартија и целулоза, додека Флора се венча со Доди, човек кој се изборил од дното и кој работи во фирмата на таткото на негов пријател. Среќата на Донатела и Марсело трае кратко. Првото дете им е киднапирано по шест месеци од раѓање и никогаш повторно не се појавува. Оттогаш, почнуваат често да се караат. Флора се разведува од Доди и има врска со Марсело. Таа останува бремена и раѓа девојче, Лара, што ја раскинува уште повеќе врската меѓу двете пријателки. Марсело е убиен со три куршуми од пиштол кој подоцна се открива дека го држела Флора. Таа е затворена и разделена од ќерка си Лара, на тогашна возраст од три години.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дознајте во кој термин на Телма ќе се емитува новиот хит со Вилијам Леви

Телевизија Телма наскоро започнува со емитување на новата колумбиска теленовела со познатиот латиноамерикански актер во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!