Почетна / Серии / Вестерн серијата „Бонанца“ со втора реприза на МТМ

Вестерн серијата „Бонанца“ со втора реприза на МТМ

Триесетина епизоди од првите две сезони од понеделник до петок репризно на Прва Скопска МТМ телевизија. Вестерн серијата “Бонанца” во 15.25 часот на МТМ. Серијата има вкупно 430 епизоди, а е снимана од 1959 до 1973 година.

Оваа вестерн класика ни ја прикажува приказната за Бен Картрајт и неговите синови кои одбраната на својот ранч “Пондероса” во Невада, ќе ја претворат во борба за целата заедница. Патријархот на фамилијата е трострук вдовец кој секој од синовите го добил од различна жена. Најстариот син е цивилизираниот архитект Адам, средниот е Ерик, а најмалиот Џо е воедно и најтемпераментен. Покрај нив, дел од семејството е и кинескиот слуга Хип Сонг.

Главните улоги ги толкуваат Lorne Greene, Pernell Roberts, Dan Blocker, Michael Landon, Victor Sen Yung и David Canary.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Руските „Татковци“ во потера по терористи во нова викенд серија на Сител

Дванаесет средношколски одбојкарки се киднапирани додека се враќаат во Москва по натпреварот на Кипар каде …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!