Почетна / Филм / Mакедонската сага за дивиот исток „До Балчак“ за Велигден на Алфа

Mакедонската сага за дивиот исток „До Балчак“ за Велигден на Алфа

Македонија е мала земја во срцето на Балканот, која петстотини години била под отоманско ропство. Дејствието на филмот „До балчак„ се одвива во годините на општ колапс и „слободен пад„ по крваво задушеното македонско востание од 1903.

Приказната е за комплексен четириаголник помеѓу бескомпромисен и идеалистичен востаник, безмилосен турски офицер, богат „татин“ син опортунист кој се враќа дома по завршени студии во Европа и една луцидна и слободоумна Eвропјанка во потрага по авантура, која ги залудува тројцата мажи и предизвикува серија на настани со далекусежни и несогледиви последици.

 Филмот е суровa и романтична сторија која ја испитува вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност низ призмата на релативноста на поимите на слобода, правда, љубов, жртвување и предавство. Приказната ги драматизира и пародира митот и анти-митот на исток и запад, на Европа и Балканот. Фатен во стапица, еден од ликовите ја декларира својата радикална философија : „Ебати животот, ако не си подготвен да умреш за него“!

До балчак е македонски филм од 2014 година во режија на Столе Попов. Улогите во филмот ги толкуваат: Инти Шрај, Мартин Јорданоски, Сашко Коцев, Сенко Велинов, Тони Михајловски, Мики Манојловиќ, Никола Којо, Никола Ристановски, Јовица Михајловски, Искра Ветерова, Јордан Симонов, Драган Спасов, Ана Костовска, Гораст Цветковски, Владо Јовановски, и други.

По саботната вечер со “Балкан кан”, во недела навечер уживаме со “До Балчак” на Алфа. Велигденски викенд на Алфа со македонски играни филмови.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Добредојдовте во Чеченија“ во четврток на Skopje Film festival 2020

„Добре дојдовте во Чеченија“ е американски документарен филм од 2020 во режија на Дејвид Франс, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!