Почетна / Живот / Скопската Зоолошка е на прагот да стане членка на европската ЕАЗА

Скопската Зоолошка е на прагот да стане членка на европската ЕАЗА

Изминатите две и пол години, Скопје Зоо доби нов лик, нови животни и многу новитети. Стана најпосетената институција во државата за 2019 и 2020, а на прагот сме да бидеме членка и на ЕАЗА (Европска Асоцијација на акваируми и зоолошки).

(ВИДЕО) Сите успеси на Скопската Зоолошка градина

Ова е дел од она што е направено во изминатиот период:

– Се изградија нови асфалтирани патеки и се поставија патокази и информативни таблички пред секое живеалиште
– Поставени се нови тоалети на две локации
– Зоо Скопје стана првата дигитализирана зоолошка на Балканот со зоо апликација, смарт клупи и онлајн продажба на билети
– Ги исполнуваме еко стандардите со електрични возила- мини бус, мини колички, електрични скутери и тротинети.
– Доизградени се живеалиштата за слонови и шимпанза
– Изградени се нови живеалишта за фламинга и пингвини
– Направена е Бејби Зоо, новото омилено место на најмалите
– Нови хортикултурни уредувања низ градината и редовно чистење на големите езера после 13 години
– Направивме Дино Парк со најголем број на диносауруси на Балканот- вкупно 41 диносаурус во природна големина, кои се движат и испуштаат звуци
– Имаме нови жители на Скопје Зоо, голем дел за првпат во нашата градина- Пингвини, фламинга, слонови, шимпанза, алпаки, двогрби камили, белоносести коати, ему птици, бели лавови, бели волци, африкански желки, верверички, папагали.
– Ново брендирање на влезот на градината
– Нови катчиња за фотографирање кои се омилени меѓу посетителите
– Реновирање на голем број живеалишта со цел подобори услови и благосостојба на животните
– Едукативни програми и Zoo keepers talk за викенди
– Нови детски игралишта и голема игротека на отворено за родендени
– Нови летниковци
– Јуниор авантура парк за деца
– Нови корпи за отпадоци кои сега ги има над 200 низ градината, како и нови клупи.
– Табли со кодекс за однесување, како и кампања за заштита на животните
– Работиме на заштита на дивите животни во соработка со светски организации како 4 Paws и нашето Министерство за животна средина

Зоо Скопје и понатаму ќе продолжи со проектот „Европска Зоолошка” со поддршка од Градот Скопје.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велковска: Правдата во Македонија – законска дупка од епски размери

Драгана Велковска, aктивистка за заштита на животни и животна средина so реакција на изјаснувањето од …

error: Содржината е заштитена!