Почетна / Филм / Завршете го викендов со „Racer and the Jailbird“ и „Queen of the desert“

Завршете го викендов со „Racer and the Jailbird“ и „Queen of the desert“

Филмска неделна вечер за убав завршеток на јунскиот викенд. Откако добро сте се одмориле, ви предложуваме да останете со програмата на Телма и Сител и да ги проследите филмските наслови што се на вечерашната понуда.

Во 22.15 часот на Телма, по вечерните вести следува белгиско француската драма “Верност” (Racer and the Jailbird).


Приказна за трагичната љубов меѓу Жижи, висококотирачки гангстер, и Биби, една млада девојка – возач на тркачки автомобили, која му припаѓа на високиот сталеж, раскажана во заднината на бруталното владеење на бандите во Брисел. Но, Жижи крие една тајна.

Таа тајна може да го загрози животот на луѓето околу него. Затоа Жижи и Биби мора да се борат против судбината, разумот и сопствените слабости за да ја спасат својата љубов.

Откако ќе го изгледате овој филм, вклучете Сител на далечинското затоа што по полноќ ќе ја гледате Никол Кидман како “Кралица на пустината”.

Може ли пустината да подари повеќе љубов на едно скршено женско срце отколку било кој маж на светот? Дали соновите го прават животот поубав кога ќе се остварат или кога ќе сфатиме дека сме сонувале погрешно? И само тогаш, со сила на милиони урагани ќе посакаме да го проживееме она вистинското!

“Кралица на пустината” е епска сага за страста, истражувачката авантура и трагичната љубов за хероината на денешното Обединето Кралство, нестрашливата Гертруд Бел.

“Кралица на пустината” се базира на животот на британското книжевство, археолог, истражувач и агент на тајна служба.

Ја раскажува приказната за борбата на млада хероина во нејзините 20ти со бројни животни предизвици, кои од жена, заљубена во мажите, ја претвориле во страствен истражувач на области уништени од војните и природата.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

96-тото издание на филмските Оскари во недела на МРТ 1

В недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од …

error: Содржината е заштитена!