Почетна / Сапуници / Новата хит серија „Кога ноќта паѓа“ ќе ја гледате во 21.20 часот

Новата хит серија „Кога ноќта паѓа“ ќе ја гледате во 21.20 часот

Кога ноќта паѓа – нова семејна драма за судбината на една Џанфеза

Махир е успешен полициски комесар кој уште од детството живее со болната загуба на својот татко, убиен пред неговите очи.

Дваесет години подоцна, трагите од минатото сè уште не се избришани, а Махир се враќа во Денизли решен конечно да се соочи со човекот кого го смета за одговорен за трагедијата и да ја оствари одмаздата што ја планирал со години.

Но токму кога мисли дека сè држи под контрола, судбината пред него ја носи Џанфеза, убава, слободоумна и храбра девојка од номадско семејство.

Нивната необична средба под месечевата светлина прераснува во силна привлечност, а Махир за првпат по долго време почнува да размислува за живот во кој минатото и одмаздата нема да бидат на прво место.

Она што двајцата не го знаат е дека нивната средба не е само случајна игра на судбината. Наскоро Махир открива дека Џанфеза е ќерка на Куршат Килимџи, моќниот човек кој се наоѓа во самиот центар на неговата долгогодишна потрага по вистината.

Во исто време, околу нив се отвора свет исполнет со стари семејни непријателства, скриени тајни, лаги, договорени бракови и борба за моќ. Секој нов чекор кон вистината открива уште една тајна од минатото, а односите меѓу двете семејства стануваат сè покомплицирани.

Махир ќе се најде пред најтешката одлука во својот живот – дали да го исполни ветувањето што си го дал како дете и да се одмазди за својот татко или да ја заштити жената во која се вљубил.

Од понеделник до петок во 21.20 часот, веднаш по завршетокот на “Скриената судбина”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алфа надсинхронизира хрватска серија со вештачка интелигенција

За прв пат во историјата на македонските телевизии, се надсинхронизира серија од екс југословенско подрачје. …

error: Содржината е заштитена!