Почетна / Серии / По успехот во Македонија, „Преспав“ ќе се емитува и во Бугарија

По успехот во Македонија, „Преспав“ ќе се емитува и во Бугарија

Најпопуларната македонска телевизиска серија започнува да реди нови успеси. По одличната прифатливост од страна на македонската публика, и соседна Бугарија ги откупи правата за емитување на оваа комична приказна за сопствениците и вработените во чудниот пансион во Преспа.

“Преспав” ќе се емитува на каналот bTV Comedy во Бугарија, од понеделник до петок во 17 часот. Она што е интересно е што во серијата учество зеде и Јана Маринова, позната бугарска актерка, која во третата сезона ја толкуваше улогата на Преслава, па тоа беше дополнителна причина за Бугарите да ја откупат серијата.

Во меѓувреме, македонските гледачи со нетрпение ги очекуваат новите епизоди на ситкомот кои со емитување ќе започнат во декември. А дотогаш, репризно “Преспав” од понеделник до петок на МТВ 1 во 21.15 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Децата учат и се дружат со „Јана“ секое неделно утро на Канал 5

Секоја недела наутро во 10.20 часот, Канал 5 ќе ја емитува едукативната цртана серија „Јана“ …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!