Почетна / Филм / Волшебен ТВ амбиент со новогодишните филмови на локалните
Празнични филмови на Тера и локалните телевизии

Волшебен ТВ амбиент со новогодишните филмови на локалните

За време на новогодишните и божиќните празници, Битолчани и останати од регионот, останете во своите домови и гледајте Тера Тв.  Почнувајќи од 31 декември 2020, на програмата на локалната Тера започнуваат празнични филмови, кои ќе го надополнат новогодишниот амбиент.

„Божиќна опашка“ е долгометражниот божиќен филм кој ќе ја отвори сезоната на празнична филмска програма. Станува збор за филм во режија на Елис Андерхил, каде приказната ја водат двајца самохрани родители, кои додека се расправаат за едно куче кое сакаат да има го поклонат на своите деца за божиќ се заљубуваат. Комично емотивна приказна, која не смеете да ја пропуштите. Ќе се емитува на 31.12.2020 во 18:30 часот.

На програмата на Тера во првите часови од Новата година богата филмска програма со најразлични жанрови.

На 01 јануари во 17:50 часот на Тера ќе го гледате филмот „Драг Дедо мраз“, во режија на Џејсон Присли, а се раскажува приказната за една урбана девојка, која се запознава со готвач во ресторан, а таму открива писмо напишано од неговата ќерка, адресирано до Дедо мраз, каде новогодишната желба на девојчето ја развива авантурата во филмот.

Филмската понуда продолжува и во наредните часови, а на 02 јануари гледајте го и филмот „Божиќ во Палм Спринг“, сабота во 17:50 на Тера. Филм на режисерот Фред Олен Реј, а зборува за приказната на Џесика, која е разделена од сопругот, а има важна презентација во Палм Спринг.

Таму нејзините деца ќе направат се’, за повторно да ги спојат нивните мајка и татко, дури ќе има ги хакираат и телефоните. Интересна божиќна приказна која не смее да се пропушти.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Незаборавен август со филмските хитови на FilmBox

„Акционен парк“ е американска комедија од 2018-та година режирана од Тим Киркби. Инспирацијата за филмот …

error: Содржината е заштитена!