По Алфа, и Телма телевизија со нов дизајн на својот веб сајт. Поголема брзина, поинаков дизајн, организираност на сите сегменти.

Но, она што го забележавме е дека сепак новиот веб сајт донесе и проблеми. Па така, доколку ја посетите секцијата Серии, ќе забележите дека се презентирани стари серии, емитувани пред деценција на оваа телевизија. За ралзика од нив, тековните не се во преден план.

Исто и кај секцијата Емисии. За разлика од веб страните на другите телевизии како МРТ, Сител и Канал 5, овде нема никаков опис на емисијата, туку се вметнати вести од емисиите, без да се потенцира од кој датум се емисиите кои биле емитувани.

Кај Филмовите стои точен датум на емитување и опис на филмот, но се забележува и по некој “натрапник” (серија Велвет) на кој не му е местото во таа секција.

Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
