Од понеделник до петок во 15.50 часот на кабловскиот специјализиран канал за турски серии Дизи ќе се емитува премиерно познатата романтична комедија “Комплицирана врска” (İlişki durumu: karışık).

Репризните изданија на епизодите се истиот ден на полноќ и наредниот ден во 06.50, 12.30 и 15.00 часот.

Ајшегул е млада, наивна и романтична девојка која сонува за вистинска љубов. По една измама останува без својот дом и се запознава со Џан Текин, познат актер, богат и самоуверен заводник.

Поради низа околности, двајцата склучуваат договор за лажен брак. Но Џан е вљубен во Елиф, која, пак, има чувства кон друг маж.

Така започнува комплицирана љубовна приказна во која лажниот брак постепено прераснува во вистински.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
