Почетна / Живот / TrashTour: The Movie! – документарен филм од „За Почиста Македонија“

TrashTour: The Movie! – документарен филм од „За Почиста Македонија“

TrashTour: The Movie!, краткометражен документарен филм кој ги прикажува настаните и одвивањата за време на проектот TrashTour кој e спроведен од 24–29 Август низ повеќе градови во Македонија – Кичево, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Струмица и Штип.

За Почиста Македонија е еколошко движење кое се појави во 2020 со цел преку активно дејствување да ги инспирира и мотивира граѓаните да се активираат во решавање на проблемите со несовесно фрлање ѓубре и да ја преземат одговорноста во свои раце. TrashTour е проект кој имаше за цел да го прошири ова движење и надвор од Скопје.

Овој филм има едукативен карактер и има за цел позитивно да влијае врз целокупниот менталитет и апатијата која граѓаните ја имаат према проблемите со ѓубрето, но и да испрати порака дека промени во ова поле се можни доколку граѓаните се активираат кон нивно остварување.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Модиљани“ со драмска изведба на 28 октомври во МКЦ

“МОДИЉАНИ” ПРЕМИЕРА 28 ОКТОМВРИ 20:00 МКЦ Режисер: Сибел Абдиу Драматург: Сибел Абдиу Кореограф: Александра Кочовска-Начева …

error: Содржината е заштитена!