Почетна / МК Сцена / Пинковите ѕвездички Жарко и Марко на „Златно славејче 2016“

Пинковите ѕвездички Жарко и Марко на „Златно славејче 2016“

 

Ново издание на детскиот фестивал “Златно славејче”

 

 

 

Почитувани деца и родители, наближуваат деновите на најраспеаниот детски фестивал, фестивалот на најшарените и најталентираните – “Златно славејче”. По 46 пат на 17, 18 и 19 ноември во Арена “Борис Трајковски” ќе се одржи познатиот музички фестивал за деца, организиран од Советот за грижи и воспитување на децата на град Скопје.

 

 

Подготовките за секое издание на фестивалот вообичаено траат околу седум месеци при што се одржуваат по неколку проби неделно. Фестивалот обрнува посебно внимание на изборот на децата кои треба да пеат, т.е. се внимава текстот на песната да биде соодветен на детето кое пее. Инаку, во рамките на фестивалот работи постојаниот хор „Златно славејче“, што ги придружува пеачите на сцената.

 

 

Медиумски покровител на фестивалот и оваа година е Сител телевизија, која во текот на следниот период ќе го емитува за своите најмали гледачи.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Ново оро на македонскиот зурлаџија Џељо Дестановски

Го нарекуваат неуморниот македонски музичар, во моментов е еден од  најпознатите зурлаџии кај нас и …