Почетна / Мода / Ист Гејт Мол искажа благодарност за соработниците и партнерите

Ист Гејт Мол искажа благодарност за соработниците и партнерите

Ист Гејт Мол – изграден во рекорден рок за 26 месеци,
денес искажа благодарност за соработниците и партнерите

Во предвечерјето на официјалното отворање, во свечена есенска атмосфера се оддржа средба за закупците, соработниците и партнерите на Ист Гејт Мол.

На присутните топло добредојде им посака инвеститорот на проектот. На средбата инвеститорот искажа голема благодарност на сите учесници во процесот, кој овозможи реализација на инвестицијата.

Трговскиот центар претставува уникатно архитектонско здание од последната генерација трговски центри, којшто од утре ќе го мапира Скопје како регионална шопинг дестинација и воедно ќе биде атракција за посетителите на главниот град.

На настанот присуствуваа Претседателот на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски, Претседателот на Собранието, Талат Џафери и Претседателот на Владата, г-дин Зоран Заев, како и министри во Владата, претставници од дипломатскиот кор и претставници на закупците на трговскиот центар.

Свое обраќање имаа акционерите на Скопје Ист Гејт, Г-дин Арсим Папранику и Г-дин Самир Мане. Трговскиот ценатар чија бруто изградена површина изнесува 160.000m2, беше изграден во рекорден рок од 26 месеци во услови на глобална пандемија. Претседателот на Владата, Г-дин Зоран Заев, го изрази своето задоволство што со Ист Гејт Мол, инвестиција од над 103 милиони евра, придонесе македонската економија да добие економски импулс во периодот на глобалната пандемија, со кое главниот град со оваа инвестиција добива модерен лик и станува уште поатрактивна дестинација за странските посетители.

Ист Гејт Мол е дел од повеќенаменскиот проект Скопје Ист Гејт и претставува инвестиција на Балфин Групација (Balfin Group).

Ист Гејт Мол, новото срце на градот, официјално ќе биде отворен за посетителите на 29 октомври од 10:00 часот.

Дани | ТВ Пакет

error: Содржината е заштитена!