Почетна / Сапуници / Шпанците направија римејк на турска серија!

Шпанците направија римејк на турска серија!

Пред една седмица, Telemundo ги претстави пилот епизодите и трејлерите на теленовелите што ќе се прикажат наредната сезона. Меѓу нив, се најде и римејк на една популарна турска серија што во Македонија сеуште не е емитувана, известуваат форумџиите на ТВ Пакет.

 

 

Верувале или не, една од најголемите продукциски куќи за шпански теленовели, одлучи да ја преработи приказната на Ay Yapim, „Ask-i Memnu“, токму онаа која на многумина им наликуваше на латино-американска теленовела поради комплетната визуелна перфектност. Telemundo одлучи оваа приказна да биде upfront за 2012. година, односно еден од нив. Фановите на турските серии долго време ја чекаат оваа серија, но од ниту една македонска телевизија досега немаме добиено изјава дека истата е откупена. Како што тргнало, побрзо ќе ни пристигне шпанската верзија.

 

Telemundo

 

Ay Yapim

 

Останатите upfront-и на Telemundo за оваа година се „El rostro de la venganza“ – оригинална приказна, „El señor de los Cielos“ – исто така нова приказна, „La Patrona“ – римејк на „La Duena“ од 1984. година, „La Reina del Sur“ (2ª Parte) – продолжение на сагата за „Кралицата на југот“, „Fina Estampa“ – римејк на истоимената, успешна, бразилска новела, „Nace un ídolo“ – биогравска новела која го следи животот на кантавторот Хосе Хосе, и веќе споменатата „Pasión Prohibida“ – римејк на турската серија „Ask-i Memnu“.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѕвездите на „Аси“ и „Ѓумуш“ во нова играна продукција на Сител

Нова играна серија на телевизија Сител. Ѕвездите на Аси и Ѓумуш се враќаат на малите …