Почетна / Сапуници / Актерите од „Забрането јаболко“ и „Дива“ во нова серија на Канал 5
Главниот протагонист ни е познат по улогите во "Дива", "Луда куќа" и "Игра на судбината", а главниот негативец го гледавме како Халит во "Забрането јаболко", а пред тоа во "Мајка" и "Солзите на мојата ќерка"

Актерите од „Забрането јаболко“ и „Дива“ во нова серија на Канал 5

По завршетокот на “Забрането јаболко” на Канал 5 телевизија во истите термини ќе се емитува нова драма полна со пресврти и стапици во име на правдата и желбата за одмазда.

Кога раните од минатото ќе се отворат, кој може да нѐ спаси од иднината што носи понор? Доаѓа време да се плати долгот!

Правдата може да се добие само со изигрување на законите затоа што на сите им е премногу страв да гледаат на другата страна или да превземат чекор контра оние поголемите, помоќните, побогатите.

Сплетки, подметнувања и акции следуваат на патот на одмаздата. Пат во кој многу работи ќе бидат нејасни, каде никој не знае кој кому му е пријател, а кој непријател и кој кому ќе копа гроб за да самиот на крај падне во него.

Кој ќе му суди на тој што убил нечие небо, гледаме од понеделник во 22.10 часот на Канал 5. Од одлуките во минатото нема бегање!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Освен „Грешници“, и „Крваво цвеќе“ обновена за уште една сезона

Маратонската турска сапуница “Крваво цвеќе” доби зелено светло за нова трета сезона. Откако веќе беше …

error: Содржината е заштитена!