Почетна / Телевизија / „Шоу на сите времиња“ од понеделник на Алфа ТВ

„Шоу на сите времиња“ од понеделник на Алфа ТВ

 

„ШОУ НА СИТЕ ВРЕМИЊА“
од понеделник во 19:15 на Алфа телевизија

 


 

Алфа телевизија ви го прикажува потполно новиот телевизиски формат на забавно-музичка. „Шоу на сите времиња“ спаѓа во жанрот на носталгични шоу програми и секоја нова епизода ги носи гледачите во разлилчни години од минатото.

Периодот што го опфаќаат 12-те епизоди од првата сезона на оваа продукција ги опфаќаат годините од 1958 до 1989 година.

Гледачите уживаат во телевизискиот формат кој врзува играна и музичка програма со забавни игри за гледачите во студиото со кои тие се потсетуваат на својата младост.

Ова шоу го водат легендарниот Никола Којо и новото телевизиско лице Маша Павловиќ. Во секоја емисија тие се домаќини на познати лица од естрадата и јавниот живот од поранешна Југославија. Шоуто е оригинално и заради тоа што во истите емисии со носталгија, се претставуваат и тие што се родени во тие години, што тогаш го прославиле првиот родеден или тргнале на училиште…

Посебни ѕвезди на секоја епизода се познатите пејачи кои во тие години имале песна на прво место на тогашните топ листи од „Вардар до Триглав“.

Во секоја епизода ги следиме и членовите на семејството Петровиќ кои реагираат на сите новитети што ги носеле годините – таткото, мајката и синот и ќерката тинејџери, секој на свој начин.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Овие филмови се на репертоарот на Телма од 6. до 13. февруари 2021

ПРОГРАМСКА ШЕМА НА ТЕЛМА ТВ ЗА ПЕРИОДОТ ОД 06.02 2021 – 12.02 2021 САБОТА Телма …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!