Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Секоја недела на Алфа, музика и песна со новата сезона од „На здравје”

Секоја недела на Алфа, музика и песна со новата сезона од „На здравје”

Во познатиот попладневен термин – 16.15 часот, на Алфа и во 20 часот на Балкан Мјузик ТВ се емитува новата, петта сезона од музичко-забавната емисија „На здравје“. Првите емисии се снимани во магичното Македонско село, лоцирано на падините на Водно, веднаш до манастирот „Св. Пантелејмон“.

Прекрасната автентична атмосфера на Македонско село, со куќички и конаци од сите краеви на Македонија, се претвори во вистинска сцена за снимање на првите епизоди од оваа сезона. Музичките гости не се штедеа – се пееше, се играше оро, а публиката која ќе ги гледа епизодите ќе може да „замириса“ на традицијата уште преку малите екрани.

Во снимањето учество зедоа голем број познати македонски музички имиња: Анета Љумаковска, Адријана Ацевска, Татјана Лазаревска, Сузана Гавазова, Марјан Коцев, Филип Стојковски, Сандра Милковска, Кристина и Слободан Трајанови, Борче Наумовски Министерот, Орде и група Круна, како и група Модерато.

За дополнителна убавина, тука се и играорците од КУД „Ансамбл Никола Јонков Вапцаров“, кои со својата енергија ја заокружија сликата.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драгана Мирковиќ влегува во „Ѕвездите на Гранд“? Преговорите се во тек

Драгана Мирковиќ би можела да биде ново лице во жирито на популарното музичко натпреварување „Ѕвездите …

error: Содржината е заштитена!