Хафсанур Санџактутан или Ада од истоимената серија на Канал 5 е роденa во Истанбул во 2000 година.

Уште на млада возраст се заинтересирала за глума и ја започнала својата кариера на сцената, а награди добива за учество во бројни театарски претстави.

Своето телевизиско деби го има во 2018 година со епизодна улога во “Ѓулпери” (Канал 5), а првата главна улога ја добива на 19 годишна возраст во класичната драма “Ада” која ја следите секоја вечер на Канал 5.


Сликањето и готвењето се нејзина страст, а омилено јадење ѝ се пуканки направени во путер.

Розова ѝ е омилена боја, а мачките ѝ се омилени домашни животинки.

Дани | ТВ Пакет
 ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
				
 
		 
						
					 
						
					 
						
					 
					
				