Почетна / Живот / Првиот веб речник на македонски знаковен јазик е веќе достапен

Првиот веб речник на македонски знаковен јазик е веќе достапен

Првиот веб речник на Македонски знаковен јазик е веќе достапен за јавноста.

www.znakoven.mk

Речникот е целосно изработен од членовите на Здружението на глуви и наглуви “Тишина” – Карпош со поддршка на Министерството за Надворешни работи на кралството Норвешка, Меѓународната фондација “Борис Трајковски“ и маркетинг агенцијата SkyBlueMedia.

Преку проектот “Раце што зборуваат” се поставува солидна основа пред се за глувата популација, за знаковните толкувачи, но и за сите заинтересирани во Македонија да се здобијат со квалитетно образование на Македонскиот знаковен јазик во кои се употребени високи светски стандарди за изработка на еден ваков речник.
– Длабоко сме убедени дека преку овој проект се отвара нова страница во Македонското општество за зголемена рамноправност помеѓу глувите лица и лицата што слушаат со цел да се обезбеди подобра комуникација, социјална инклузија на глувата популација како и подигање на јавната свест за нивните потреби. – велат од SkyBlueMedia и Меѓународната фондација Борис Трајковски.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Александар Котевски назначен за вд директор на Филхармонија

Александар Котевски е назначен за в.д директор на Македонската филхармонија. Котевски доаѓа на местото на …

error: Содржината е заштитена!