Почетна / Сапуници / Нихан од „Карасевда“ со познатиот актер на одмор во Јужна Америка

Нихан од „Карасевда“ со познатиот актер на одмор во Јужна Америка

Познатиот турски актер Кадир Догулу штотуку наполни 40 години. Неговата сопруга, познатата актерка Неслихан Атаѓул му честиташе на својот споруг преку мини-албум на социјалните медиуми кој ги потсети на среќните моменти од нивната долгогодишна љубов. Актерката во својата честитка напиша: „Среќен роденден љубов моја. Ти си празник секој ден! Те сакам“.

Возбуден и очигледно изненаден, Кадир и возврати со зборовите: „Денес дефинитивно ќе ме расплачеш…“ Објавите на парот добија големо внимание, а беа проследени и со последователни честитки од обожавателите на двајцата. Но, по десетти пат по ред нивните имиња се провлекоа низ низа шпекулации за можна бременост на актерката.

Во текот на едно интервју месецов, познатата двојка ја негираа оваа вест, која ја нарекоа „дезинформација“. Кадир изјави дека по повод неговиот роденден тие одлучиле да разбудат една од нивните заеднички пасии, а тоа е патувањето.

Планираме да одиме во Јужна Америка. Има многу луѓе таму кои не сакаат. Всушност, има многу кои го научиле нашиот јазик благодарение на ТВ сериите“, рече Догулу.

За шпекулациите за бременоста на актерката, Атаѓул категорично рече: „Не грижете се. Со задоволство ќе ве известиме кога ќе се случи тоа.

Кадир и Неслихан се веќе добро познати на нашата публика по заедничкото учество во романсата “Рането срце”. Кадир моментално можете да го гледате во улогата на Алпер од „Дозволи да те сакам“, додека Неслихан ја толкува убавата Нихан во „Карасевда“.

Двете серии се емитуваат на каналот Dizi, а претходно емитувани и на македонските национални телевизии.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжуваат „Трите сестри“ – вашата омилена серија само на Сител

На ваше задоволство, продолжува омилената серија за трите сестри. Срдечна и топла приказна за Туркан, …

error: Содржината е заштитена!