Почетна / Телевизија / Oдржано финалето на „Пинк ѕвезди“, Иван Куртиќ е победникот

Oдржано финалето на „Пинк ѕвезди“, Иван Куртиќ е победникот

 

Заврши првата сезона на “Пинк ѕвезди”, ова е победникот

 

Вчеравечер во студиото на Пинк телевизија во Белград, се одржа финалето на првата сезона од музичкото шоу “Пинк ѕвезди”. Првата Пинк ѕвезда која собра најмногу гласови од публиката и жирито во текот на натпреварувањето е Иван Куртиќ.

 

 

Иван во финалната битка се бореше со Павле Дејаниќ, но на крајот големата ѕвезда сепак му припадна на Иван. Веќе 10 месеци шоуто се емитува во регионот, веќе 10 месеци за влез во финале се бореа 400 кандидати, од кои жирито избра 16 полуфиналисти. Од тие 16, публиката со СМС гласови ги одбра 12-те супер финалисти и од тие 12, Иван е оној што успеа на крајот да ја добие големата победа.

Дел од 16-те полуфиналисти беше и нашиот кандидат Денис Димоски, кој не успеа да добие доволно гласови од телевоутинг и испадна пред самото финале.

 

 

Победникот Иван од жирито доби неколку награди. Од Бора Чорба доби гитара за победата, од Мирослав Илиќ доби Alfa Plam ваучер, а од продукцијата на Пинк телевизија ќе добие снимање на албум и турнеја.

И другите натпреварувачи добиваат утешни награди, како што е заедничко летување во Турција.

 

 

Шоуто кај нас го емитуваше Алфа телевизија и за разлика од другите земји, не успеа да се стекне со голема популарност. Од септември шоуто продолжува со нова сезона, а продолжува дружењето и со петчленото жири : Цеца, Мирослав Илиќ, Марина Туцаковиќ, Харис Џиновиќ и Бора Чорба.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спорт, забава, мода, технологија, вести и здравје во Телма подкаст

Следејќи ги светските трендови, Телма телевизија продолжува да изненадува. Наскоро дигитален простор за возбудлива комбинација …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!