Почетна / Живот / Brian May, соосновачот на Queen, порачува: Сите сме научници!

Brian May, соосновачот на Queen, порачува: Сите сме научници!

 

Специјална програма  ,,Ден на астероидите‘‘ на Discovery Science

 

Првиот службен Ден на астероидите (Asteroid Day) ќе се одржи на 30 јуни 2015, на годишнината од ,,Тунгузката експлозија‘‘ во 1908 година-најголемиот удар на астероид на Земјата во поновата историја. Discovery Science, глобалната телевизиска мрежа целосно посветена на науката, е службен партнер на оваа иницијатива.

 


 

Преку посебната програма ,,Одбројување до Денот на астероидите‘‘, гледачите на Discovery Science имаат можност да научат повеќе за астероидите, да учествуваат во натпревар и да ги следат промоторите на овој настан – угледни научници, астронаути и медиумски личности меѓу кои се: Lord Martin Rees, почитуван член наBritish Astrono­mer Royal, Richard Dawkins, експерт за биологијата на однесувањето, Brian May,астрофизичар и легендарен соосновач на бендот Queen како и Bill Nye, педагог, комичар, водител, писател и научник.

Погледнето го видеото во кое Brian May, помеѓу останатото објаснува како настанала неговата гитара и како порачува дека сите ние сме научници.

 


 

Можат ли научниците да го предвидат ударот од астероидите? Колку се чести ударите од астероиди? Одговор на ова и многу други прашања може да се проследат на денот посветен на астероидите кој е глобален проект чија цел е да ги едуцира луѓето за опасноста од астероиди, како и што може да направиме за да се заштитиме во ситуации како например падот на метеорите во 2013 во Русија.

 


 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт под свеќи за прв пат во Македонска Филхармонија

Виртуозот на виолина Марио Хосен и „Профундис“ ја носат „Candlelight“ магијата во Македонија! Илјадници свеќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!