Почетна / Серии / Новите продолженија од „Државни службеник“ од 3 јануари на Телма

Новите продолженија од „Државни службеник“ од 3 јануари на Телма

Интернетот, сајбер криминалот, влијанието на социјалните мрежи на јавното мислење и личните дилеми на главните протагонисти … продолжува приказната за „Државниот службеник“.

Во ова продолжение Лазар повеќе не е во службата, но по предавството на неговата сопруга ситуацијата ќе ескалира и тој ќе мора да ја преземе контролата во свои раце.

Во земјата се во тек вонредни парламентарни избори и почнува зголемена активност на странските сили во предизборната кампања. Со помош на Русија, партијата на Вучетиќ остварува неочекуван подем, не сфаќајки го опасниот план кој земјата ја турка во многу ризична ситуација.

Возбудливи настани, со многу акција и неочекувани жртви во лавиринтот наречен „Државен службеник“, втора сезона каде што најважно е едно – безбедноста на државата без разлика на цената.

Милан Мариќ, Жарко Лаушевиќ, Александар Берчек и Ненад Јездиќ се главни улоги во новите продолженија од српската хит серија “Државен службеник” кои ќе се емитуваат од 3 јануари на Телма од 20.20 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој и зошто ја крие серијата „Црвениот поет“ од очите на јавноста?

Алфа телевизија прашува – Се држи ли оваа серија во бункер за да не ја …

error: Содржината е заштитена!