Почетна / Сапуници / „Нов живот“ за телохранителот во мини викенд драмата на Сител

„Нов живот“ за телохранителот во мини викенд драмата на Сител

Адем e специјалец, успешен во својата работа, кој мора да ја напушти должноста и да започне нов живот откако тешко се повредува. Тој мора да најде работа како би ги издржувал својата сопруга Невин и малата ќеркичка, па затоа конкурира на различни огласи.

Кога Адем ќе ја изгуби сета надеж и ќе се измори од интервјуа за работа, тој наоѓа сосема случајно една нова работа која ќе ги отвори портите на новиот живот.

Неговиот пријател Бекир (кој работи како обезбедување кај богат бизнисмен), му нуди понуда на Адем да работи како телохранител во големата куќа. Доколку ја прифати понудата, Адем би можел да заработи речиси два пати повеќе од платата во специјалните сили. Адем прифаќа да работи како телохранител на Јасемин, убава и млада сопруга на богатиот бизнисмен Тимур.

Јасемин е втората сопруга на Тимур која живее во голема палата заедно со нејзиниот сопруг и нејзината ќерка тинејџерка Гокче. Го троши своето време на добротворни активности и собирање средства за помош на луѓето и децата на кои им е потребна.

Кога на Тимур му се заканува непознато лице со испраќање на анонимни писма, тој решава да ја заштити својата сопруга преку ангажирање телохранител со цел да не се повтори минатото кога била убиена неговата прва сопруга. Но, на богатата Јасемин не ѝ е удобно некој да ја следи и да биде околу неа цело време, па затоа ќе се обидува на разни начин да го обесхрабри Адем и тој самиот да си даде отказ.

Адем не само што ќе работи како нејзин телохранител, туку и започнува да го истражува случајот за да ги открие вистинските виновници кои стојат зад писмата за закани. За многу кратко време, тој разбира дека вистинските виновници не можат да му пристапат на Тимур и неговото семејство ако не ги поддржува некој кој е близок до семејството.

Така доаѓа до вистината во истрагата дека Јасемин е таа која ги пишувала писмата со цел да се ослободи од тоа што ѝ се случува во бракот долги години. Долги години на семејно насилство и физичко малтретирање, долги години на обиди да избега од сопругот и да започне сосема нов живот, подалеку од него.

Таа ќе мора да направи сè за да го оствари својот план и да се спаси од страшниот брак. Но, таа е несвесна дека токму телохранителот е тој што ќе биде излез за нејзиниот пекол и надеж за нов живот.

“Нов живот” – турска мини драма на телевизија Сител. Секоја сабота и недела навечер започнувајќи од 20 август 2022 година.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гледачите и фановите бараат Телма да продолжи со нови теленовели

По големото внимание кое го предизвикаа дневните мексикански серии, гледачите со неверување дека одеднаш Телма …

error: Содржината е заштитена!