Почетна / Сапуници / Овој викенд следуваат последните мигови на „Борбата на мајката“

Овој викенд следуваат последните мигови на „Борбата на мајката“

Оваа сабота и недела во 19.50 часот на Сител телевизија ќе бидат емитувани финалните епизоди од најгледаната телевизиска серија за оваа година.

Години по шокантните настани што ги снајдоа семејствата Карадаг и Ширхан, Сеит Али се враќа во градот каде што мајка му нашла засолниште со трите деца пред многу години и каде работите навистина се променија.

Дефне води познат ресторан со помош на готвачот на Зумрута, Кадрије и Махмут добија уште едно дете, а Вилдан започна важен проект со споменот на Кенан. Среќата конечно им се насмевнува целосно и на Мелек и Халил.

Трпението се исплатеше по долги години искушенија: „Сега станаа големо семејство со силни корени!“.

Бидете со мајката во последните мигови од серијата и погледајте дали нешто повторно ќе ја урне големата среќа која претстои за ликовите. Борбата на мајката завршува. Победа или пораз за неа, дознаваме на Сител.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За празниците, „Аманет“ со маратонско емитување на Канал 5

Во празничните денови, Канал 5 телевизија ви нуди двојно уживање со маратонската сапуница “Аманет”. Од …

error: Содржината е заштитена!