Почетна / Живот / АВМУ со реакција на изјавата на премиерот Зоран Заев

АВМУ со реакција на изјавата на премиерот Зоран Заев

Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува денешната изјава на премиерот Зоран Заев во врска со случајот „Рекет“ која е проблематична најмалку по три основи. Имено, премиерот, како носител на јавна функција, наместо да ја прифати и да ја почитува улогата на новинарите како критичари на работата на власта се обидува да дискредитира новинар. Наместо да покаже највисоко ниво на почитување на различностите, тој употребува етикетирање кое што е дерогирачко за ЛГБТ-лицата. Заев во својата изјава исто така не ја почитува ниту пресумпцијата на невиност, соопштија вечерва од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

Реакцијата е по изјавата на премиерот Зоран Заев дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја симнат оваа влада од власт.

Агенцијата уште еднаш сака да ги потсети политичарите дека нивна обврска е да ги почитуваат европските стандарди за слобода на информирање, да ги почитуваат различностите и да се воздржат од употреба на јазик којшто може да ги поткопа овие вредности – нагласуваат од АВМУ.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вест на денот : Полицијата ја притвори специјалната Катица Јанева

Уапсена е жената која претставуваше најголем симбол за правдата во Македонија. Специјалната јавна обвинителка, Катица …