Почетна / Забава / Завршија аудициите на „X Factor“ пред жири

Завршија аудициите на „X Factor“ пред жири

 

Заврши „X Factor“ аудицијата пред жирито и публиката.
Следната фаза е регрутен камп!

 

 

Потрагата по првата „X Factor“ музичка звезда станува се повозбудлива. Жирито е составено од Жељко Јоксимовиќ, Кики Лесендриќ, Емина Јаховиќ и Кристина Ковач. Тие во изминатите пет дена имаа можност први да ги слушнат и видат оние 300 кандидати кои успешно ги поминаа предаудициите. Следната фаза е регрутен камп во која 120-те најдобри ќе се претстават пред жирито со својот талент, најталентираните кадидати од аудицијата гледачите ќе можат да ги видат од 29. октомври на Сител телевизија.

 

 

– „После пет напорни, но возбудливи дена, жирито и публиката уживаа во најразличните интерпретации на пријавените натпреварувачи. Кандидадите најчесто одбираа странски поп хитови, но и познати домашни композиции, а најинтересните детали, како и реакцијата на кандидатите на коментарите на жирито, гледачите ќе можат да ги видат и слушнат кон крајот на октомври на Сител телевизија кога ќе почне емитувањето на најпопуларното музичко шоу на планетата „X Factor“. Многу сме задоволни од жирито и од кандидатите и веруваме дека „X Factor“ и на нашите простори ќе биде популарен како што е во странство. Следната фаза е селекција на 120-те најдобри кандидати кои ќе се најдат во другата фаза на натпреварот – регрутен камп каде ќе видите како натпреварувачите се подготвуваат за понатамошното натпреварување и уште еден настап пред жирито“, порачуваат од продукцијата.

 

 

Првопласираниот, второпласираниот и третопласираниот учесник во супер финалето ги чекаат вредни стокови и парични награди, а победникот го очекува и снимање на музички албум, комплетно водење на кариерата и луксузен автомобил.

Супер финалето на „X Factor“ е закажано за крајот на февруари следната година во Комбанк Арената каде покрај суперфиналистот ќе настапи и една светска музичка ѕвезда.

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Gabby G ги отпеа „Македонско девојче“ и песна на Тоше

Една љубов преку границите на Македонија и Бугарија. Најдоброто од двете држави за сите генерации, …