Почетна / Спорт / Леброн по трет пат е спортист на годината според „Sports Illustrated“

Леброн по трет пат е спортист на годината според „Sports Illustrated“

Американското спортско списание „Sports Illustrated“ по рекорден трет пат го прогласи Леброн Џејмс за спортист на годината. Кошаркарот на Лејкерс стана првиот спортист што ја добил оваа награда по трет пат. Претходно, Леброн беше избран за спортист на годината во 2012 и 2016 година.

Џејмс минатата сезона ја освои четвртата титула во НБА-лигата. Претходно има освоено шампионски титули со Мајами (2012, 2013) и Кливленд (2016). Сезоната 2019/20 Џејмс ја заврши со просек од 25,3 поени, 7,8 скока, 10,2 асистенции и 1,2 украдени топки по натпревар.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МРТ ќе го прикажува Светското првенство во ракомет 2021

Светското првенство во ракомет за мажи 2021 ќе се одржи во Египет од 13 до …

error: Содржината е заштитена!