Почетна / Забава / Концерт на Јосипа Лисац по повод 50 години од ,,Дневник једне љубави”

Концерт на Јосипа Лисац по повод 50 години од ,,Дневник једне љубави”

После британската, југословенската музика до 1990 година беше најдобра, највозбудлива и најкреативна музика во Европа. Во тој квалитет, не само до 1990 туку и до ден денес, по многу критериуми двои Јосипа Лисац… и секако, нејзиниот величествен албум “Дневник једне љубави”, кој според сите анкети се наоѓа во топ 10 најголеми регионални албуми на сите времиња.

Големо задоволство за Авалон продукција е да најават дека Госпоѓа Лисац ќе го одржи ветувањето дадено во Лисински, кога беше гостинка наконцертот на Diana Krall во Загреб… дека, иако се’ поретко настапува далеку од дома, во Скопје сепак ќе се прослави 50тиот јубилеј од “Дневник једне љубави” и ќе се отпеат сите нејзини големи песни.

Влезниците се пуштени во продажбаонлајн на ticketx.mk и ширум продажната мрежа на ticketx по цена од 1.990 денари.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„На терапија со Атанас“ ги носи Син на мајка и 1Човек во десет градови

Од 15 октомври започна „а терапија со Атанас, хумористично шоу кое ќе го донесе секојдневието …

error: Содржината е заштитена!