Почетна / Филм / Џеки Чен во „Полициска приказна 1“ во среда, 11 октомври на ТВ 24

Џеки Чен во „Полициска приказна 1“ во среда, 11 октомври на ТВ 24

„Полициска приказна“ (кинески: 警察故事) — хонгконшки филм од 1985 година во режија на Џеки Чен, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Џеки Чен (Jackie Chan), Бриџит Лин (Brigitte Lin) и Меги Чеунг (Maggie Cheung). Ова е првиот филм од серијалот „Полициска приказна“ во кој Џеки Чен го глуми полицискиот детектив Кевин. Во 1986 година, на доделувањето на Хонгконшките филмски награди, филмот ја освоил наградата за најдобар филм, а ќе го гледате во среда, 11 октомври 2023 година на ТВ 24 во 22.30 часот.

Чесен полицаец од Хонг Конг мора да си поврати репутацијата кога наркобосот по кого трага во обвинува за убиство на валкан полицаец. Чан Ка-Куи, наречен Кевин (го игра Чен), е бескомпромисен полицаец од Хонгконг. Тој мора да направи сè за да го избрише срамот од своето име поради обвинението за убиството на еден корумпиран полицаец, кое му го наместил трговецот со дрога кого го гони подолго време…

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јапонската драма за „Чудото во Касама“ во среда, 16 октомври на ТВ 24

„Чудото во Касама“ е филм чие дејство се врти околу Јука Шибуја, борбена актерка од …

error: Содржината е заштитена!