Почетна / Серии / Ќе има ли нови серии за гледачите на Телма оваа сезона?
Кога гледачите да очекуваат нови серии на Телма телевизија ?

Ќе има ли нови серии за гледачите на Телма оваа сезона?

Ланската сезона со големо задоволство ги пофаливме, оваа сезона информиравме за почетокот на новата сезона емисии, а сега ќе ги “искараме” за репризите на играната програма.

И ова лето, а очигледно веќе и во новата телевизиска сезона, Телма телевизија влезе повторно со репризи на веќе емитувани серии и филмови. Наместо да понуди нешто ново за своите гледачи, телевизијата упорно турка репризи во својата програма.

Секој работен ден во 13.30 часот се репризира мексиканска теленовела. Репризи на теленовели дури ни А1 не правеше на времето кога овој тип на серии беа на врвот на гледаноста. Тогаш, зошто воопшто сега, во 2023та година се репризира една ваква серија наместо да се понуди нешто ново од истиот жанр?

Додека гледачите на другите национални телевизии следат турски серии, зошто Телма не конкурира со нешто поинакво, нешто свежо, нешто квалитетно?

Истата ситуација со репризите продолжува и навечер. Па во ударни термини од 20.15 часот и во 22.15 часот, се репризираат веќе емитувани француска и германска серија. Зошто пак?

Кога може гледачите да очекуваат промени во програмската шема на телевизијата?

Дали гледачите и оваа сезона ќе следат одлични европски серии навечер, а гледачките ќе уживаат преку ден со нова мелодрама, можеби бразилска каква што и доликува на концептот на телевизијата?

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Историската трилер серија „Вашингтонски шпиони“ на Телма во 22:15 часот

Врз основа на вистински настани, серијата ја раскажува приказната за раѓањето на модерната шпионажа за …

error: Содржината е заштитена!