Почетна / Телевизија / Содржини за целата публика – пофалби за новата сезона на Телма

Содржини за целата публика – пофалби за новата сезона на Телма

Ако со право поради многутте репризи летото ги критикувавме, овојпат со задоволство ќе ги пофалиме. Телевизија Телма очигледно ја има најдобрата понуда на содржини за оваа сезона 2022/2023.

Професионален пристап во известувањето и одлични сценографии е тоа што ги карактеризира информативните изданија на вестите и емисиите на оваа телевизија.

Секое утро се будиме со “Утринската на Телма”, емисија која ве расонува, информира и забавува. Колаж од информации, разговори, музика и забавни содржини кои ви овозможуваат поинаков, полесен и поубав старт на денот.

Тимот со кој се будите и го пиете утринското кафе е препознатлив по својата позитивна енергија која ја нема на другите фрекфенции во етерот.

Во време-невреме, особено важни за гледачите се и информациите за здравјето, па така во “Телма Амбуланта” се едуцираме и дознаваме за многу познати и непознати работи за нашето здравје, но и за здравјето особено на нашите најмали.

Гласот на народот се слуша во контактната на Телма, а квалитетни дебати на врвните новинари со претставници од целиот општествен, политички и социјален свет со задоволство гледаме секоја вечер во “Топ тема”.

Препознатливата емисија “Код” и оваа сезона продолжува да нè шокира со големи скандали, откриени преку истражувачкото новинарство на Лупевска и нејзиниот тим.

Од магазинот зад сцената и оваа сезона ги слушаме сите актуелности од шоу бизот, сите естрадни новитети и трачеви.

Провокатни теми и гости се дел од ток шоуто на Снеже Велков за викенд, а за децата тука се мини вестите со Ненад.

За сите љубители на спортот, тука е викенд емисијата на Јана, а во секојдневните спортски попладневни магазини следиме преглед на сите случувања од светскиот фудбал, формула и кошарка.

Страста кон автомобилите на софистициран начин ја доживуваме во “Автомагазин”…

… а преку домашните и странски документарни емисии се запознаваме и со светот на риболовот, со убавините на Медитеранот и со сите тековни новости за престојното светско првенство во Катар.

Во викендите следиме и одлични репортажи, емисија за уредување на домот, а палец нагоре и за премиерните играни филмови од светски продукции (американски, европски, азиски) кои се емитуваат за викенд деновите во прајмтајм.

За фановите на крими сериите, и оваа сезона, Телма продолжува со српски серии кои го освоија регионот …,

… а неизоставен дел од ноќите се и американските процедурали.

Ударниот термин е резервиран за премиерни и првокласни европски драмски серии (италијански, скандинавски), а она што беше големо изненадување оваа сезона е што професионалниот тим на телевиизијата одвои и дневни термини за серии наменети првенствено за женската публика.

Две мелодрами од светската продукција на Телевиса е тоа што привлекува големо внимание не само кај гледачките, туку и кај многутте фанови на овие серии кои растеа со овие латиноамерикански продукции.

Нема што повеќе да се каже. Телевизија Телма очигледно ја има најдобрата понуда за гледачите оваа сезона. Даваме поддршка и се надеваме дека во исто, дури и во уште подобро темпо, ќе продолжи и понатаму да нуди програми за сите гледачи.

Навремена информација, квалитетни дебати и светски играни продукции за секојдневни мигови поминати со Телма.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три месеци гратис MOVE со дел од понудите на www.akcija24.mk

MOVE е дел од атрактивните понуди на www.akcija24.mk, еден од пионерите на онлајн-трговијата во Македонија. …

error: Содржината е заштитена!