Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Стартуваат нови сезони од емисиите на Телма телевизија

Стартуваат нови сезони од емисиите на Телма телевизија

Oд понеделник (11 септември) се враќаат новите сезони од емисиите на Телма.

И оваа сезона, секое утро ќе се будиме со “Утринската на Телма”, емисија која ве расонува, информира и забавува. Колаж од информации, разговори, музика и забавни содржини кои ви овозможуваат поинаков, полесен и поубав старт на денот. Од 6.55 часот наутро до 11 часот претпладне, утринска на Телма.

Тимот со кој се будите и го пиете утринското кафе е препознатлив по својата позитивна енергија која ја нема на другите фрекфенции во етерот.

Во време-невреме, особено важни за гледачите се и информациите за здравјето, па така во “Телма Амбуланта” во 12.50 часот и оваа сезона ќе се едуцираме и ќе дознаваме за многу познати и непознати работи за нашето здравје, но и за здравјето особено на нашите најмали.

Гласот на народот ќе се слуша во контактната на Телма секој работен ден во 16.15 часот, а веднаш по контактната, во 17.10 часот следува нова сезона од квизот “Заврти на Телма”. Заедно со водителката ќе го вртиме тркалото и ќе освојуваме награди од спонзорите.

Од магазинот зад сцената и оваа сезона ќе ги слушаме сите актуелности од шоу бизот, сите естрадни новитети и трачеви. Секој работен ден во 17.55 часот – “Backstage”.

Квалитетните дебати на врвните новинари со претставници од целиот општествен, политички и социјален свет со задоволство ќе ги гледаме секоја вечер во “Топ тема” во добропознатиот термин од 19.15 часот, веднаш по централните вести.

За почетокот на викенд емисиите, како и странските филмови и серии, дополнително ќе ве информираме наредниот период.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сител со емисија за здравје по теркот на оние на Телма, ТВ 24 …

Пред околу петнаесетина години, Канал 5 телевизија започна со емитување на емисија за здравје, во …

error: Содржината е заштитена!