Од 5 октомври (понеделник), веднаш по новата сезона од Брза кујна, следува премиерно новата 16-та сезона од познатото попладневно шоу „Сè или нешто“.

За потсетување – пријавувањето се врши исклучиво преку веб страната на телевизија Сител така што ќе го пополните прашалникот што го гледате на страната на квизот во делот кај Програма и на крајот ќе кликнете Submit.

Тоа е единствениот и наједноставниот начин за пријавување за учество во шоуто.
Не праќајте никакви апликации преку меилови или ФБ страни !

Ви посакуваме среќа на сите кои планираат да се пријават и да ја испробаат својата среќа во новата сезона кај Лила и банкарот! А сите останати, бидете во 17.50 часот со новата сезона од најгледаната телевизиска емисија.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
