Почетна / Телевизија / Пинк потпиша за „X Factor“, кои други ќе го сторат тоа?

Пинк потпиша за „X Factor“, кои други ќе го сторат тоа?

 

Изминатите неколку денови прочитавме многу шпекулации на оваа тема, а сега од Пинк телевизија соопштуваат дека наредната сезона 2013/2014 ќе биде уште поквалитетна затоа што во низата гледани формати им се придружува уште еден – „X Factor“. 

 

 

Еден од најпопуларните формати на светот ќе биде емитуван оваа есен на програмата на Пинк телевизија, а во проектот ќе бидат вклучени и телевизии од други земји од поранешна Југославија. Се работи за талент шоу од продукцијата на Frementele од која веќе видовме еден проект и тоа „Јас имам талент“.

„X Factor“ се издвојува од останатите слични формати по квалитетните аудиции, борбите помеѓу менторите, спектакуларните настапи на гламурозни ѕвезди, сјајот и режијата. Сето тоа можете да го очекувате од септември на една од македонските телевизии којашто ќе одлучи да биде дел од проектот. Шоуто ќе се снима во едно од гигантските филмски студија на PFI.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!