Почетна / Забава / Евровизија / „Евровизија 2014“ со Нина Јанева?

„Евровизија 2014“ со Нина Јанева?

 

„24 Ексклузив“ со генијална идеја да отворат добра дебата. Што и како и е потребно на Македонија за успех на евровизиската сцена? Контакти или контроверзии? За ова го искористија роденденот на пејачката Нина Јанева. Нејзина најголема желба за 27. роденден е да ја претставува Македонија на „Евровизија 2014“. Нина вели дека поседува се што е потребно за одличен пласман на Македонија на „Евровизија 2014“.

 

 

Со оглед на настаните кои се случуваа кај нас оваа година, „24 Ексклузив“ одлучија на ваков оригинален начин да го свртат вниманието и да анализираат што и е потребно на Македонија за успех. Откако јасно и гласно ја прашаа дали не планира некој геј скандал, Нина кажа дека во нејзин ракав има нешто подобро отколку бакнеж со девојка на сцена. И посакаа на Нина да и се исполни желбата па догодина да ја видиме на сцената во Данска.

Иако има уште една година ексклузивците си стојат на зборот дека ќе бараат промени на јавната сцена. Ветија и започнаа да исполнуваат. Оригинално и храбро од нивна страна мора да признаеме. На така добар начин да го актуелизираат прашањето за тоа што догодина нашиот евровизиски претставник ќе треба да поседува. А, дали можеби и несвесно открија или погодија дека можеби Нина ќе биде избраната ќе треба да почекаме до следната година во февруари кога традиционално се одржува националниот избор. Сепак браво за идејата и се надеваме на одлична евровизиска анализа од нивна страна.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради нашето неучество, наши автори и на српскиот избор за Евровизија

Поради откажувањето две години по ред на МРТ од Евровизија нашите композитори својата среќа ја …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!