Почетна / Телевизија / Новиот канал FOX од денеска само на Тотал ТВ

Новиот канал FOX од денеска само на Тотал ТВ

 

Сите го очекувавме пристигнувањето на новиот FOX канал, но веројатно нему ќе му се радуваат единствено корисниците на Total TV, бидејќи ниту еден оператор освен споменатиот не го најави каналот.

 

Еве што стои во најавата на Total TV:

Од понеделник 15. октомври во нашата понуда се наоѓа новиот канал од групата FOX International Channels. FOX е забавен канал, посветен на најдобрите телевизиски серии на денешницата. Новиот FOX канал нуди разноврсна и квалитетна содржина, од најновите и најиновативни серии, се до големите класични хитови. Понудата на жанрови вклучува комедии, драми, научна фантастика, акција, цртани филмови и реалити програми. FOX на гледачите им го донесе првиот анимиран primetime шоу (Симпсонови), првата научно-фантастична серија (Досије Икс), првата акциона серија во реално време (24), првиот талент шоу на новата генерација (Американски идол), првата музичка серија (Glee) и првата зомби апокалипса (Опкружен со мртовци). Гледајте ги премиерите на најдобрите телевизиски серии на каналот FOX, во пакетот Плус.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!