Почетна / МК Сцена / Прва македонска невеста на сајтот на Maggie Sottero

Прва македонска невеста на сајтот на Maggie Sottero

 

Марија Радњански, сопругата на поп пејачот Јован Радњански се најде на официјалната страна на познатата американска дизајнерка Maggie Sottero која во моментов е во ТОП 10 светски познати дизајнери на венчаници. Освен фотографијата од креацијата е опишана и приказна за тоа како Марија одлучила да соработува со светски познатиот дизајнер, нејзиното доаѓање во Македонија, како врската и запросувањето со Јован Радњански за која двојката не сакаше да зборува во јавност.

 

 

 

„За мене е голема честа да бидам одбрана во категоријата „Невестите на Maggie“ во конкуренција на многу невести од целиот свет, и покрај тоа што венчаницата беше порачана и стигна во Австралија, сепак инсистирав да бидам претставена како невеста од Македонија затоа што моите корени се од тука, а и јас од неодамна се здобив со македонско државјанство на што особено се гордеам“, вели Марија. Инаку, таа е родена во Перт, Австралија каде што живееше до 2010-та година.

Линк до страницата на Maggie Sottero.

 

 

 

 

Ивана Таневска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Нова песна на Драги Иванов пред крајот на годината

Драги Иванов, кој оваа година сподели три нови песни, ја заокружува 2024 со уште една, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!