Почетна / Сапуници / Алфа продолжува со праксата – уште една укината серија

Алфа продолжува со праксата – уште една укината серија

По укинување на американската драма “Обвинителката”, турските серии “Долина на волците” и “Сахра”, бугарската “Украден живот”, на ред дојде и уште една серија која одненадеш ја снема од програмата на националната Алфа телевизија.

Имено, се работи за српската сапуница “Вистини и лаги” која веќе не се емитува во ноќниот термин од 23.40 часот на Алфа. И додека во Србија, серијата рушеше рекорди на гледаност, кај нас телевизијата што ги откупи правата за емитување, реши да ја прекине по завршеток на првата сезона.

Најгледаните македонски телевизии како Сител, Канал 5 и Алсат во последниот период не се случило да прекинат серија и со тоа да ја разнишаат довербата на своите гледачи.

Алфа тоа го прави со повеќето премиерни серии кои ги емитува, но затоа пак, репризи на турски серии од А1 телевизија одат во неколку термини во денот.

За потсетување, бугарската серија “Украден живот” неодамна Алфа ја тргна од програмата по петта сезона, информирајќи дека тоа е крај на серијата, а всушност серијата има уште цели пет сезони, кои македонските гледачи нема да ги погледнат. Бар не на Алфа очигледно.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Додека селото спие“, руска мелодрама секое попладне на ТВ 24

Од понеделник до петок во 17.45 часот на ТВ 24 ќе се емитува “Додека селото …

error: Содржината е заштитена!