Почетна / Спорт / Прв медал за Македонија во Бразил: Стојановиќ се искачи на светскиот врв

Прв медал за Македонија во Бразил: Стојановиќ се искачи на светскиот врв

Македонската универзитетска карате репрезентација го освои првиот медал на првиот натпреварувачки ден од Светското универзитетско првенство во Бразилија. Најзаслужен за тоа е Стефан Стојановиќ во категоријата +84 кг, кој прикажа одлични борби и уште еднаш потврди дека припаѓа на самиот светски врв.

Во категоријата -68 кг., пак, Викторија Јовановска во борбата за бронзен медал беше поразена од претставничката на Иран со минимални 5:4. Резултатот укажува дека нијанси го решиле победникот, а Јовановска остана без заслужено одличје и покрај борбеноста и квалитетниот настап. Добар впечаток остави и дебитантот во репрезентацијата, Греса Мустафаи.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европскиот шампион Петар Мијалков ги стартуваше подготовките во Шпанија

По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана апсолутен европски шампион …

error: Содржината е заштитена!