Почетна / Филм / Почна снимањето на краткиот филм „Северен пол“ на Апчевска

Почна снимањето на краткиот филм „Северен пол“ на Апчевска

Во отежнати услови со следење на Ковид-19 протоколите, на 26 јануари започна снимањето на краткиот филм „Северен пол“ по сценарио и режија на Марија Апчевска, во продукција на „Кино Око“, информира Агенцијата за филм.

Главните улоги во филмот ги играат Антонија Белезелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, а тон снимател Игор Поповски. Филмот е копродукција помеѓу Македонија и Србија. Продуцент е Роберт Насков, а копродуценти се Милош Љубомировиќ, Горан Тодориќ од Сервиа Филм.

Снимањето ќе се одвива на локации во Скопје и Македонска Каменица до 31 јануари оваа година.

Инаку, како што информира Агенцијата за филм, ова е осмиот филм што се снима во земјава според Ковид-19 протоколите.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ал Пачино во трилер мистеријата „88 минути“ саботно на МРТ 1

Сабота, 23:15 часот на МРТ 1 Форензичар се наоѓа во смртоносна трка со времето за …

error: Содржината е заштитена!